Cannabis sativa L. е едногодишно растение за кое се смета дека потекнува од Централна Азија. Со историја долга илјадници години, растението се користело за различни намени: за производство на влакна, семе и масло, како и во традиционалната медицина.
Различните сорти на канабис се разликуваат според својот природен состав и застапеноста на канабиноидите. Канабисот со висока содржина на тетрахидроканабинол (THC), во јавноста често познат како марихуана, предизвикува психоактивно, односно опојно дејство. Индустрискиот коноп, од друга страна, содржи многу ниска концентрација на THC и природно може да биде богат со канабидиол (CBD), кој не предизвикува опојно дејство.
Денес канабисот и неговите природни компоненти привлекуваат сè поголем научен интерес. Одредени лекови на база на канабиноиди веќе имаат одобрена примена кај специфични медицински состојби, додека голем број други потенцијални примени сè уште се истражуваат.
Екстрактот во производите Каноил®
Екстрактот што се користи во производите Каноил® се добива од внимателно одгледуван медицински канабис, природно богат со CBD. Растителната суровина подлежи на строга контрола на квалитетот, која вклучува и испитување за присуството на остатоци од пестициди и хербициди.
Екстрактот се добива со CO₂ при ниска температура, без употреба на органски растворувачи. Овој внимателено контролиран процес помага да се зачува природниот профил на растението и да се обезбедат постојана чистота и квалитет.
Како екстракт со целосен спектар, тој содржи CBD заедно со други природни компоненти на медицинскиот канабис, вклучувајќи ги и помалку застапените канабиноиди и терпени.
Терпени
Терпените што се наоѓаат во маслените раствори Каноил® се природни ароматични соединенија, одговорни за карактеристичниот мирис и вкус на канабисот. Тие се присутни и во многу други растенија, билки, овошја и цветови.
Сепак, терпените не се само носители на аромата. Во зависност од нивниот вид, некои се познати по своите смирувачки и релаксирачки својства, додека други се поврзуваат со чувство на свежина, подобро расположение и зголемена концентрација.
Други природни компоненти
Маслените раствори Каноил® содржат и омега масни киселини (омега-3, омега-6 и омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (A, B1, B2, B6, C, D, E и F), пигменти, алкани и азотни соединенија. Овие природни компоненти имаат значајна улога во создавањето и обновувањето на клетките, одвивањето на метаболичките процеси, одржувањето на нормалното функционирање на различните системи во организмот и во поддршката на општата здравствена состојба.
За разлика од фармацевтските форми што содржат поединечни, изолирани или синтетички канабиноиди, кај природните производи на база на медицински канабис особено значење има синергиското дејство на различните фитокомпоненти. Секоја од нив има свои карактеристични својства, но нивната најголема вредност произлегува од сложениот природен состав и од нивното меѓусебно надополнување. Овие компоненти придонесуваат за зачувување на целосниот природен профил на растението, стабилноста на екстрактот и неговите карактеристични својства.
Канабиноиди
Канабиноидите се природни соединенија присутни во растението канабис. Најпознати меѓу нив се канабидиолот (CBD) и делта-9-тетрахидроканабинолот (Δ⁹-THC).
Маслата Каноил® имаат внимателно контролиран канабиноиден профил. CBD е доминантниот канабиноид, додека THC е присутен само во траги, во концентрација пониска од 0,2%. Покрај CBD, маслата содржат и други природно присутни канабиноиди како што се CBDA, CBG и CBN.
Во екстрактот со целосен спектар, каков што содржат производите Каноил®, канабиноидите, терпените и другите природни компоненти дејствуваат заеднички и меѓусебно се надополнуваат. Ова синергиско дејство е познато како „entourage effect“ или синергиски ефект. Наједноставно кажано, природните компоненти на растението дејствуваат како тим: CBD е доминантната компонента, додека другите канабиноиди и терпените го дополнуваат неговото дејство.
Благодарение на оваа природна комбинација, екстрактот со целосен спектар може да придонесе за полесно опуштање, за подобро справување со секојдневниот стрес, поквалитетен сон, поголема телесна удобност и за одржување на природната рамнотежа на организмот.
Канабидиол (CBD)
Канабидиолот (CBD) е еден од главните и најистражувани фитоканабиноиди во растението Cannabis sativa L. Се создава во смолестите жлезди на растението, кои се најбројни во цветовите и горните цветни делови. Неговата концентрација не е иста кај сите растенија, туку зависи од сортата, условите на одгледување и од начинот на обработка.
Научниот интерес за CBD постојано се зголемува поради неговото сложено влијание врз повеќе биолошки процеси во организмот. За разлика од THC, CBD не предизвикува карактеристично психоактивно, односно опојно дејство. Сепак, тоа не значи дека е целосно ослободен од несакани ефекти. Кај одредени лица може да предизвика поспаност, замор и дигестивни тегоби.
Најцврстите клинички докази за CBD се однесуваат на неговата употреба како дополнителна терапија кај одредени ретки форми на епилепсија. Покрај тоа, охрабрувачки, но сè уште ограничени клинички резултати се забележани во однос на анксиозноста во специфични стресни ситуации, одредени нарушувања на сонот, психотични симптоми и намалување на хроничната болка. Мали клинички студии го испитуваат неговиот потенцијал и кај Паркинсоновата болест, дистонијата и други нарушувања на движењето. Лабораториските и претклиничките истражувања дополнително укажуваат на потенцијални антиинфламаторни, аналгетски, невропротективни и дерматолошки својства, но овие ефекти сè уште не претставуваат потврдени терапевтски индикации.
Ендоканабиноидниот систем и дејството на CBD
Ендоканабиноидниот систем (ECS) е природен регулаторен систем присутен во целиот човечки организам. Неговата главна улога е да помогне во одржувањето на внатрешната рамнотежа, позната како хомеостаза.
Овој систем го сочинуваат канабиноидните рецептори CB1 и CB2, ендоканабиноидите што природно ги создава организмот и ензимите задолжени за нивното создавање и разградување. Преку оваа широка мрежа, ендоканабиноидниот систем учествува во регулирањето на сонот, расположението, одговорот на стрес, апетитот, чувството на болка, имунолошкиот одговор и други важни физиолошки процеси.
За разлика од THC, CBD не ги активира директно CB1-рецепторите и затоа не предизвикува опојно дејство. Тој влијае врз ендоканабиноидниот систем на поиндиректен и посложен начин, а истовремено стапува во интеракција и со други рецептори и биолошки патишта.
Досегашните истражувања покажуваат бројни позитивни здравствени ефекти во човечкиот организам, меѓу кои:
- полесно опуштање и справување со секојдневниот стрес;
- подобрување на сонот и квалитетот на одморот;
- ублажување на воспаленијата и хроничната болка;
- заштита и поддршка на нормалното функционирање на нервните клетки;
- намалување на зачестеноста на одредени видови епилептични напади;
- опуштање на мускулите и намалување на спазмите;
- регулирање на имунолошкиот одговор;
- регулирање на нивоата на шеќерот и мастите во крвта, како и на крвниот притисок, со потенцијален придонес во превенцијата на кардиоваскуларни болести;
- смирување на чувствителна, сува или иритирана кожа при локална примена;
- намалување на гадењето и повраќањето, иако клиничките докази главно се однесуваат на лекови што содржат и THC.