март 25, 2025
Канабидиолот (CBD) е една од главните состојки во канабисот, но за разлика од познатиот THC, не предизвикува психоактивни ефекти, што значи дека не создава “high” ефект. Во последниве години, CBD стана популарен како можен третман за различни здравствени проблеми, вклучително и за епилепсија.
Епилепсија е хронична болест што се карактеризира со ненадејна појава на не провоцирани повторувачки епилептични напади.
Пластичен опис за напад е кога голем број на мозочни клетки се активираат прекумерно во исто време што предизвикуваат електична бура во мозокот. Кај една третина од пациентите, епилепсијата не реагира на стандардни антиепилептични лекови. Ова се нарекува фармакорезистентна епилепсија. Овие пациенти доколку не исполнат критериуми за хируршки третман на епилепсија и доколку не постои соодветна прецизна терапија, се применуваат палијативни мерки на невромодулација.
CBD (канабидиол), во форма на лекот Epidiolex®, е одобрен за третман на епилептични напади поврзани со некои ретки синдроми, како што се Lennox-Gastaut синдромот, Dravet синдромот и Tuberous Sclerosis Complex, кај деца и возрасни. Во некои земји, овој лек е одобрен за деца над 1 година, а во Европската Унија и Обединетото Кралство се користи кај деца од 2 години па нагоре. Но, покрај овие ретки синдроми, CBD се покажал како ефикасен и за лекување на други форми на епилепсија кои не се поврзани со овие специфични состојби. Истражувањата покажуваат дека CBD може да помогне во намалувањето на бројот и интензитетот на нападите кај пациенти со фармакорезистетна епилепсија.
Како делува CBD?
Научниците веруваат дека CBD помага да се намали преголемата активност во мозокот која предизвикува напади. Тој го прави ова преку блокирање на одредени рецептори во мозокот, кои играат улога во зголемување на невроналната активност. Основниот механизам на CBD врз редукција на нападите е мултимодален, вклучува и не-канабиноидни патишта, што може да ја објасни неговата силна антиинфламаторна и невронална-заштитна активност. CBD има и антиинфламаторни и невронални-заштитни својства, што значи дека може да помогне во заштита на мозочните клетки и намалување на воспалението, што дополнително ја подобрува ефикасноста на третманот.
Дали CBD е безбеден?
CBD се смета за безбеден доколку се дава според упатствата. Меѓутоа, мора да се консултирате со невролог пред да започнете со третман, бидејќи може да има интеракции со други антиепилептици. CBD има потенцијал да биде дополнителна терапија кај фармакорезистетни епилепсии. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за целосно разбирање на неговите долгогодишни ефекти.