За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Рефалгин OTC производи
OTC производи

Рефалгин

Реплек Фарм

Metamizole sodium 500 mg

Општи информации

Таблетите РЕФАЛГИН содржат активна супстанција метамизол, која припаѓа на групата лекови наречени пиразолони и делува така што ги ублажува болката и ја намалува зголемената телесна температура.

РЕФАЛГИН е наменет за употреба кај адолесценти на возраст од 15 години или постари и кај возрасни за лекување на:

  • акутни, силни болки после повреди или операција;
  • грчевити болки во стомакот (колики);
  • болки при малигни заболувања;
  • други акутни или хронични силни болки, каде што не се индицирани други терапевтски мерки;
  • висока телесна температура, која не реагира на терапија со други лекови.

Возрасни и адолесценти на возраст од 15 години или постари (со телесна тежина поголема од 53 kg):

  • до 1000 mg метамизол како единечна доза (2 таблети) што може да се зема до 4 пати на ден, во интервали од 6–8 часа.
  • Максималната дневна доза е 4000 mg (што одговара на 8 таблети).

Дејството на лекот може да се очекува за 30 до 60 минути по земање на таблетите.

  • 1 таблета содржи 500 mg метамизол натриум

Кутија 500 таблети

Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: N02B B02