За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Адолор® Форте OTC производи
OTC производи

Адолор® Форте

Реплек Фарм

Paracetamol 1000 mg

Општи информации

АДОЛОР® ФОРТЕ е лек кој ја ублажува болката (аналгетик) и ја намалува покачената телесна температура (антипиретик).

АДОЛОР® ФОРТЕ се употребува за третман на:

  • блага до умерена болка од различно потекло, како:
    • главоболка
    • мигрена
    • забоболка
    • менструални болки
    • ревматски болки
    • постоперативни болки
    • покачена телесна температура

За возрасни и адолесценти над 16 години (телесна тежина >50 кг):

  • Доза: 1 таблета (1000 mg) по потреба.
  • Растојание меѓу дози: најмалку 6 часа.
  • Максимална дневна доза: 3000 mg (3 таблети во 24 часа).

Ако болката трае подолго од 5 дена или покачената температура трае повеќе од 3 дена, или настане влошување или се појават други симптоми, потребно е да го прекинете лекувањето и да се консултирате со лекар.

Адолор® Форте може да се зема со или без храна.

Една филм-обложена таблета содржи:

  • Парацетамол 1000 mg,
  • Филм-обложени таблети: 1000 mg, 10 таблети
Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: N02BE01