За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Парацетамол супозитории OTC производи
OTC производи

Парацетамол супозитории

Реплек Фарм

Paracetamol 300 mg

Општи информации

Парацетамол е дериват на парааминофенолот и спаѓа во групата на неопијатни аналгетици. Дејството на парацетамолот е ублажување на болката и намалување на покачената телесна температура.

Парацетамол супозиториите се наменети за:

  • ублажување на слаба до умерена болка.
  • за намалување на покачена телесна температура,
  • при состојби како што се главоболка, забоболка, мускулни болки,
  • состојби слични на грип.
Телесна тежина Доза Интервал Максимум
15–24 kg 1 супозиторија од 300 mg на секои 6 часа 4 супозитории дневно

Препорачаната дневна доза е околу 60 mg/kg телесна тежина, поделена во 4 дози (≈15 mg/kg на секои 6 часа) .

Не треба да се надминува препорачаната дневна доза. Ако симптомите траат повеќе од 3 дена, потребна е лекарска консултација.

  • Една супозиторија содржи 300 mg парацетамол
  • Супозитории 300 mg, 10 супозитории
Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: N02BE01