Категорија: Новости
ОГЛАС ЗА НАБАВКА – Лаптоп и десктоп компјутери
Програма „Јас, Реплек практикант“ – нова можност за зајакнување на работните вештините на младите
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Програма „Јас, Реплек практикант“ – нова можност за зајакнување на работните вештините на младите
Со три награди и едно вработување се заокружи програма наменета за млади „Јас, Реплек практикант“, која за прв пат се организира во компанијата „Реплек“. Во рамките на оваа програма, студенти од Фармацевтскиот, Економскиот, ФЕИТ и Природно – математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, ученици од средното училиште „Марија Кири Склодовска“ од Скопје, како и неколку студенти кои студираат ви странство, под менторство на искусни експерти од компанијата, се здобија со корисни специфични практични знаења и вештини кои ќе придонесат во нивниот натамошен кариерен и професионален развој.
На вчерашниот настан со кој се одбележа завршувањето на годинешната програма „Јас, Реплек практикант“, беа доделени награди – ваучери за тројца практиканти чии креативни трудови, изработени во рамките на оваа програма, беа оценети како најдобри. Покрај тоа, на настанот беше промовирано и првото вработување во компанијата на еден од учесниците во оваа програма, кој од денес е дел од тимот на „Реплек“.
„Зајакнување на практичните вештини и знаења, градење на цврсти врски со образованите институции и отворање на компанијата за млади стручни кадри е наша цел. Тоа беше и мотив за започнување на ваква програма и навистина нѐ радува фактот дека за неа имаше голем интерес кај младите. Ние и понатаму ќе продолжиме да соработуваме со нашите партнери и ги повикуваме сите млади кои се заинтересирани за овие струки да бидат дел од идните практикантски програми“, истакна Дојранка Анастасовска Цветковска директор за човечки ресурси на „Реплек“.
Сите сегашни и идни учесници во програмата „Јас, Реплек практикант“ ќе имаат предност за вработување во „Реплек“. На доделувањето на признанијата, покрај практикантите, присуствуваа и претставници на образовните институции со кои „Реплек“ има потпишано и меморандуми за соработка, а планирано е проширување на соработката и со нови партнери.
Програмата „Јас, Реплек практикант“ ќе продолжи да се реализира и во текот на следната година, давајќи им можност на младите да се стекнат со практични и специфични работни вештини, со што компанијата ќе придонесе за подигнување на квалитетот на пазарот на труд и ќе отвори поголеми можности за вработување.
А – интегрирана дозвола како потврда за компанија со висока свест за животната средина
Продолжуваат инвестициите во унапредување на работењето и модернизација во сите сегменти од работењето на „Реплек АД“. По низа активности и инвестиции кои беа реализирани во изминатиот период, РЕПЛЕК ФАРМ компанија основана од Реплек АД ја доби А – интегрираната еколошка дозвола од Министерството за животната средина и просторно планирање. Овој документ е потврда за одговорното работење, континуиран мониторинг и намалување на влијанието врз животната средина, далеку под дозволениот минимум.
Во текот на имплементацијата на потребните чекори кои се дел од условите за добивање на А – интегрираната дозвола се работеше во неколку поглавја, а тоа се: мерење на емисии во воздухот, мониторинг на квалитет на отпадни води, мерење на бучава, соодветен третман на отпадот, редовно известување за нивото на потрошувачка на електрична енергија и вода и мерки за поголема енергетска ефикасност. Покрај мониторингот, во рамките на дозволата се дефинирани и начините и временската рамка за известување и доставување на податоци од мониторингот до надлежните институции.
А – интегрираната еколошка дозвола е заокружување на уште една етапа од мерките за подигнување на квалитетот на работењето на компанијата и воведување нови иновативни напредни технологии. Покрај тоа во Репллек АД се воведени и стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и стандардот за животна средина и ISO 14001:2015.
За да и придонесе кон намалување на C02 емисиите „Реплек АД“ инвестираше 43 милиони денари во фотоволтаична (соларна) централа, со инсталирана моќност од 948.29 kWp. Со оваа инвестиција, над 40% од вкупната потрошувачка на електрината енергија на компанијата се заменува со обновлива сончева енергија, со што се намалува користењето на фосилни горива.
Инвестициите во заштита на животната средина се значајни за заедницата во која делува компанијата, но истовремено придонесуваат за подигнување на стандардите во работењето и зголемување на конкурентноста на пазарите. Над 75 отсто од производите на „Реплек АД“ се пласираат на странските пазари, а компанијата е присутна на повеќе од 25 пазари во светот. Останатиот дел од производството се пласира на домашниот пазар.
Во бизнисот веќе нема комфорност – интервју за „Блумберг Адрија“
Ако се водиме по онаа народната дека денот по утрото се познава, домашните бизнисмени, зависни од движењата на странските берзи, можат барем цената на струјата да ја тргнат од листата на грижи за 2023 година. Или сепак не? Глобалната криза покажа дека многу работи што сметавме дека се предвидливи, воопшто не се. Еден заеднички именител и за оваа година е големата неизвесност, која трае во услови на продолжен воен конфликт во Украина и најава за рецесија во поголем дел од европските економии.
На 1 јануари годинава (неработен ден, недела, кога побарувачката е мала) струјата имаше најниска вредност од само 17 евра за мегават-час. Оваа сума е најниска на истиот ден од 2018 година наваму. Но и прогнозите за до крајот на 2023 година не се лоши.
Фјучерсите за струјата, гасот и нафтата за до крајот на 2023 година покажуваат дека нема да има силни осцилации во цените и никако нема да бидат достигнати рекордните вредности од минатата година.
„Блумберг Адрија“ ги праша домашните бизнисмени од различни сектори – преработувачка, прехранбена, металопреработувачка индустрија, фармација, градежништво – што запишале на своите листи со грижи и очекувања за тековната година. Сите очекуваат извесни позитивни поместувања, но никој не е целосно оптимист. Секако, енергетската криза сè уште носи предизвици, исто како и глобалниот амбиент.
Комфорноста во бизнисот е веќе минато – Коста Котески, заменик-генерален директор на „Реплек“
Со оглед на фактот дека во 2023 година неизвесноста на глобалниот пазар ќе продолжи, неопходно е да се искористат сите потенцијали. Во таа насока, инвестираме во зголемување на конкурентноста, воведување нови технологии и иновативни решенија што ќе ги подобрат продажбата и нашите позиции на пазарите, а со осигурувањето на нашиот извоз дејствуваме кон намалување на ризиците. Комфорноста во бизнисот е веќе минато, мора постојано да работиме на подобрување и прогрес во секој аспект на работењето, нудење сè подобра услуга и поголем фокус кон секој клиент, како и континуирано инвестирање во тренинг и развој на вработените.
Условите во кои ќе продолжи да функционира светот и следната година се деликатни, неизвесни и мора да сме флексибилни и брзо да се адаптираме. Нашите досегашни стратегиски одлуки се покажаа како успешни и годинава ја завршуваме со раст, како на странските пазари, така и на домашниот пазар. Тоа е само дополнителен мотив и во текот на следната година да продолжиме во истиот правец. Следната година планираме уште поголем раст и зајакнување на позициите на брендот „Реплек“. Најголем приоритет во наредниве години ќе бидат прогресот на „Реплек“ и добросостојбата на вработените, акционерите и секако на потрошувачите.
Поради честите промени во регулативата на Европската Унија, каде што сме присутни со нашите производи, за нас од огромна важност се брзото усогласување и адаптирање на промените. За да го постигнеме тоа, нашата компанија има континуирана и одлична соработка со надлежните институции.
Текстот е превземен од „Блумберг Адрија“ – https://mk.bloombergadria.com/biznis/kompanii/18692/vo-biznisot-vekje-nema-komfornost-sobravme-mislenja-od-stopanstvenici/news
Веб страницата на Реплек достапна за лицата со дислексија
Како компанија која е посветена на креирање добросостојба, чувствуваме силна одговорност да ја креираме на сите нивоа и до сите групи, вклучувајќи ги и оние кои се борат со различни предизвици.
Дислексијата погодува околу 10% од светската популација, а може да се појави и покрај нормалната интелигенција, добриот вид, слухот и мотивацијата за учење.
Затоа и ја направивме нашата веб страница https://replek.mk/ лесна за читање за сите лица со дислексија.
Со самиот избор на опцијата ДА, целата веб страница се конвертира во адаптиран текст за лицата со дислексија.
Продолжуваме да се грижиме и да креираме добросостојба!
За мое добро
Панче Гелевски: Реплек гради успешна приказна пресретнувајќи ги потребите на современиот човек
Панче Гелевски – Директор на продажба и маркетинг,
Член на Управен Одбор на Реплек АД
Скоро една година сте дел од менаџерскиот тим на Реплек, тим кој најави промени и освежување во работењето на компанијата. Кажете ни кои се клучните промени во вашиот сегмент од работењето?
Во ерата на знаење, идеите се основа за било кој успех. Може да ја имате најдобрата идеа на светот, ама ако не успеете да ги убедите луѓето околу вас да ја следат вашата визија, не сте успеале. Така е и со промените во Реплек. Тука сме кај што сме, поради луѓето кои се околу нас. Приказната која ја градиме заедно, идејата која ја имавме на почетокот за Реплек, сега е веќе стратегија и дел од корпоративната култура.
Промените кои ги започнавме како тим, креираа една компанија која е отворена во и надвор од своите канцаларии, компанија која се залага за добросостојба на сите учесници во процесот, компанија која има визија да стане најдоборото од Македонија.
Нашата визија е да реализираме процес на трансформација на сите активности во компанијата и да создадеме нови вредности за нашата компанија, трансформација која ќе ги пресретне потребите на пазарот. Стратешкиот пристап ни овозможи овој процес да ги вклучи сите наши вработени, кои се клучни за успех на компанијата. Нашата стратегија е долгорочна и заедно постигнавме значителни резултати за една година.
Искрено верувам дека способноста за имплементирање на промени е клуч за успех и на личен и на колективен план. Токму тоа беше и главниот мотив заради што станав дел од тимот на Реплек, компанија која има огромен потенцијал, квалитет, знаење и искуство. Во изминатата година посветено работевме со утврдување на нашите најголеми адути. Анализиравме како најдобро да ги искористиме пазарните трендови и можности за да ги подобриме нашите позиции на пазарите.
Какви се вашите позиции на домашниот пазар?
Секој пазар си носи свои специфики и предизвици. Домашниот пазар во последен период се карактеризира со една значително интересна компонента. Имено домашните потрошувачи се многу информирани и едуцирани, па оттука изборот за тоа што ќе користат од фармацевтската понуда го прават на база на прочитани студии, се консултации со повеќе од еден доктор, разменуваат искуства, сакаат да ги слушнат сите страни. Тоа укажува на потребата од пласман на информации за нашето портфолио кое што го карактеризира широка палета, на одлични производи за кои треба што повеќе да ги информираме потрошувачите. Тоа е предизвик на кој сме посветени. Реплек во тој процес има добри позиции бидејќи и досега има изградено доверба со потрошувачите на пазарот. Ние нудиме квалитет по пристапни цени, македонски бренд, по европски стандарди. Успеваме да ги зајакнеме позициите на Реплек како домашна компанија и долгорочната стратегија на домашниот пазар е да работиме на зголемување и подобрување на нашите производствени капацитети, но и да ја прошириме понудата со производи кои ќе помогнат во одржување на општата здравствена добросостојба на потрошувачите согласно навиките во модерниот начин на живеење. Мислам дека не постои домаќинство кое го немало Вентор гелот во својата домашна аптека. Во таа насока направивме и конкретни чекори, на пазарот го пласиравме производот Колосал, препарат за иритабилен колон. Ова е само почеток, во завршна фаза е пласманот на уште неколку стратешки производи кои ќе не овозможат силна афирмација на домашниот пазар.
Се повеќе станува популарен здравиот начин на живот и здравите навики. Фармацевтските компании се повеќе нудат производи кои имаат функција на подобрување на човековото здравје. Дали Реплек размислува во таа насока?
Да, овој тренд на пазарот е во нашиот фокусот и го имаме предвид при дефинирање на нашите стратешки активности. На овој аспект алудира и нашиот слоган – „За мое добро!“. Работиме во насока на креирање на еден уникатен пристап – Реплек, вашата домашна аптека. Сакаме да создадеме цел сегмент на производи кои ќе му помогнат на современиот човек да ги задоволи своите потреби за одржување на својата виталност, но и да влијаеме врз изградба на нов животен стил. Ние целиме кон тоа, Реплек да биде лидер на домашниот пазар во овој сегмент и имаме план како да го постигнеме тоа.
Реплек на Конгрес за фармацевти
Новините и стручното усовршување се интегрален дел од нашето работење.
Денес во Охрид, започна 7от Конгрес на фармацевти. На овој конгрес, Реплек ќе одржи два симпозиума – “Приказната за медицинскиот канабис” предавач Milan Risteski и “Синдром на иритабилно црево и можни терапевтски опции” предавач Vladimir Andreevski. Во делот на учество од вработените, нашите вработени се претставија со вкупно 13 постер презентации.
Приватно здравствено осигурување во Реплек
Добросостојбата започнува од нашите вработени, без фокус кон нивниот напредок и без грижа за вработените, не постои компанија која може да ги остварува своите цели. Реплек потпиша договор со Sava osiguruvanje ad Skopje за сите свои сегашни и идни вработени, за приватно здравствено осигурување. Изборот на компанијата ни беше особено важен, сакавме да одбереме компанија која е водач на пазарот, компанија која се вклопува во креирањето на нашата мисија – добросостојба.
Со овој договор, Реплек уште еднаш ја потврдува праксата за грижа на вработените!
Грижата за најмладите, е наша обврска!
Грижата за најмладите, е наша обврска!
На 16-ти септември 2022 година, Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски подели 100 решенија за еднократна помош на новороденчиња. Реплек донираше пакети со производи, за овие семејствата.