Јубилејната 2025 – година на значајни резултати и доверба, едногласно потврдена на Годишното собрание на акционерите на Реплек

На 1 април 2026 година, во седиштето на Реплек АД Скопје, се одржа Годишното собрание на акционери, кое помина во транспарентна и конструктивна атмосфера.

На Собранието, акционерите едногласно ги усвоија сите предложени одлуки, потврдувајќи ја довербата во управувањето и во стратешката насока на компанијата.

Во рамки на Собранието беа презентирани и дискутирани резултатите од работењето за 2025, година во која Реплек одбележа значаен јубилеј од 80 години постоење и оствари силни финансиски и оперативни резултати.

Компанијата забележа раст на нето добивката од 36% и зголемување на нето маргината на 14,7%, што ја потврдува ефикасноста на деловниот модел и јасната стратешка ориентација кон одржлив раст.

Акционерите ја усвоија и Одлуката за распределба на добивката, согласно која за 2025 година ќе се исплати дивиденда во износ од 450,00 денари нето, односно 500,00 денари бруто по акција, што претставува 25% раст на дивидендата во однос на 2024 година.

Исплатата на дивидендата ќе започне од 06.05.2026 година и ќе се врши на трансакциските сметки на акционерите.

Во текот на 2025 година, Реплек забележа активен инвестициски циклус насочен кон модернизација на производството, дигитализација и зајакнување на технолошката инфраструктура, како и со проширување на портфолиото и меѓународното присуство, при што извозот учествува со околу 75% од вкупните продажби.

Компанијата остана доследна и на принципите на транспарентно корпоративно управување и општествена одговорност, што беше потврдено и со добивањето на наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза за 2025 година по избор на медиумите.

Јубилејот од 80 години претставува силна основа за новата 80+ фаза на развој, во која Реплек ќе продолжи со инвестиции, интернационализација и поддршка и грижа за луѓето како клучна вредност на компанијата. Реплек АД Скопје останува посветен на одржлив раст, стабилност и создавање долгорочна вредност за своите акционери, партнери и заедницата.

АПТЕКИ ВО КОИ СЕ ДОСТАПНИ КАНАБО И КАНАБО+

РЕбрендираните кремови за лице од колекциите Канабо и Канабо+ се достапни во продажните објекти од списокот во продолжение.

АптекаГрад
АортаТетово
Бле Медика 0Тетово
Бле Медика ХербаТетово
Кенан ФармацијаГостивар
PR фармГостивар
АлтеаКичево
Бруно 1Кичево
Бруно 5Кичево
Аптеки ДНА Ани фармСкопје
Аптека БетиСкопје
Нела фармСкопје
МедлекСкопје
Аптеки ВивалекСкопје
Омега фарм 1Скопје
Сара фарм СтудентскаСкопје
Интеграл фармСкопје
Мери фармСкопје
МаријаСкопје
LajflajnСкопје
ЛинцураСкопје
ПолинСкопје
АкацијаСкопје
Алпи фарм 4, ЦентарСкопје
Алпи фарм 9, Кисела водаСкопје
Алпи фарм 3, РадишаниСкопје
Фарма Прикс 1Скопје
Галениум фарм, ЗебраСкопје
Еурофарм РамсторСкопје
Еурофарм Дајмонд молСкопје
Еурофарм Веро ЏамбоСкопје
Еурофарм ЛептокаријаСкопје
Еурофарм Веро 2Скопје
Виола БисерСкопје
Виола Тобако 2Скопје
Виола ГТЦСкопје
Виола БуњаковецСкопје
ЕликсирСтрумица
Елена ФармГевгелија
ХигијаКавадарци
Фарма МедикаКавадарци
Св. ПантелејмонКавадарци
Бела фармКавадарци
Бела фармНеготино
Градска аптекаКрива Паланка
КамелијаКуманово
ВН Хигија 2Куманово
Роса ВитаБитола
Виа фармОхрид
Мери фармОхрид
Виа фармСтруга
Мента фармПрилеп
БиофармШтип
Здравје 2Штип
Жива фармВелес
Александра фармСвети Николе

РЕсет со Реплек покрај Охридско Eзеро: Вежбајте со Елена Бубало во придружба на Емилија Колоска

Во рамките на РЕсет платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, под познатото мото „За мое добро“, продолжува серијалот вежбање на отворено со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, овој пат покрај езеро, во еден од најубавите градови во земјава, Охрид. Сесијата ќе се одржи на 9 август 2025 година (сабота), со почеток во 18.45 часот, на плажата Бафало, пред скејт паркот, а организаторите и за овој РЕсет тренинг најавуваат позитивна атмосфера и неповторливо искуство.

И оваа сесија е дел од серијата бесплатни настани за вежбање и работилници кои ги реализира Реплек, како дел од РЕсет – платформата за добросостојба, за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила, а со цел да се подобри нивото на општото здравје кај граѓаните.

На овој тренинг на зајдисонце РЕсет тимот – Реплек и Елена Бубало ќе добие засилување, односно локална поддршка од фитнес инструкторката Емилија Колоска, со цел учесниците да добијат уште подобро и побалансирано доживување.

Сесијата ќе биде прилагодена за сите возрасти, без оглед на претходната физичка подготвеност на учесниците, а препораката за нив е само со себе да понесат простирка за вежбање и добро расположение, додека за сѐ друго ќе се погрижи РЕсет тимот на Реплек. Покрај тоа, во РЕ зоните на Реплек ќе добијат препораки за добросостојба и совети за РЕсет на умот, телото, кожата и насмевката. 

Настанот ќе биде отворен за јавноста, а пријавувањето на учесниците е на следниов линк:  https://shorturl.at/4ToQF.

Ова е веќе петто издание на настанот во рамките на РЕсет платформата, чија цел е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството преку конкретни активности за промоција на менталното и физичкото здравје, реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области. Во јуни годинава, во рамките на оваа платформа, се одржа една од најголемите фитнес сесии под отворено небо во нашата земја, во Паркот на Франкофонијата во Скопје.

Реплек со силен раст: Приходите од продажба во сегментот фармација пораснаа за 22%, нето добивката скокна за 90% во првото полугодие

Првото полугодие од 2025 година Реплек АД го заврши со значаен раст на приходите од продажба во сегментот фармација за 22%, евидентен како на домашниот, така и на странските пазари. Консолидираната нето добивка достигна 130 милиони денари (2,11 милиони евра), што е пораст за 90% во однос на истиот период од минатата година.

Фармацијата останува стратешки најважниот сегмент за Реплек, и во него приходите од продажба достигнаа 16,4 милиони евра.  На домашниот пазар Реплек оствари приходи од продажба во износ од 3,9 милиони евра, што е значителен пораст од 34% во споредба со истиот период минатата година, а на странските пазари реализираните приходи од продажба се 12,5 милиони евра, што е зголемување од 18%.

„Овие извонредни финансиски резултати се уште една потврда за ефикасноста на нашата развојна стратегија и за посветеноста на нашиот тим, но и дополнителен мотив да продолжиме да создаваме вредност за вработените, потрошувачите и инвеститорите. Горди сме на високиот раст во првото полугодие и остануваме силно посветени на иновациите и на проширувањето на нашето производно портфолио. Остануваме фокусирани на инвестиции во модернизација и градење на цврсти односи со нашите партнери, што е најава за уште една успешна година за компанијата“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на Реплек АД.

Во јуни годинава Реплек АД, во согласност со едногласно усвоената одлука на Годишното собрание на акционери, исплати дивиденда во бруто износ од 400 денари по акција, што е раст од 33% во однос на исплатената дивиденда за 2023 година.

Во првата половина од 2025 година, компанијата реализираше стратешки инвестиции во основни средства во износ од вкупно 3,3 милиони евра, насочени кон зајакнување на производствените и логистичките капацитети. Реплек пушти во употреба нов, модерен производствен блок, опремен со високо технолошка линија за блистирање, пакување и серијализација, надополнет со нова опрема за суво мешање. Проектот почна во 2024 година, а неговата вкупна вредност изнесува два милиони евра. Со оваа инвестиција се овозможува зголемување на вкупниот капацитет за примарно и секундарно пакување за 25 отсто, а двојно се зголемува и капацитетот на процесот за суво мешање. Реплек е во завршна фаза и на имплементацијата на SAP ERP системот, кој ќе овозможи повисоко ниво на автоматизација, подобро управување со ресурсите и транспарентност во работењето. 

До крајот на годината планирани се вложувања во развојни проекти во висина од 10 милиони евра. Овие инвестиции се дел од долгорочната стратегија на Реплек за севкупна модернизација на производствените процеси кои треба да овозможат одржлив раст и дополнително зголемување на извозната конкурентност на компанијата.Скопје, 31. јули 2025 г.

Бидете дел од фитнес авантурата под отворено небо со Реплек и Елена Бубало

Под мотото „За мое добро“, а во рамките на „РЕсет“ платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, Реплек ja организира досега најголемaтa фитнес сесија на отворено. Сесијата ќе биде под водство на познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, а ќе се одржи на 28 јуни 2025 (сабота) година, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со почеток од 18:30 часот.

Настанот има за цел да поттикне активности кои ќе го подигнат нивното на метална и физичка добросостојба кај граѓаните и ќе го подобрат нивото на општото здравје.

Сесијата ќе биде прилагодена за сите возрасти, без оглед на претходната физичка подготвеност на учесниците. Ќе можат да се вклучат и родителите со помали деца, бидејќи за најмладите е предвидено детско катче.

Дополнителна мотивација за фитнес ќе биде и поддршката од македонските диџеи – диџеј Брик и диџеј Александар Јорданов, кои ќе имаат свој настап во рамките на настанот.

Настанот е отворен за јавноста. Пријавувањето за лицата кои сакаат да вежбаат се врши на следниот линк: https://shorturl.at/L9IWe

Ова е веќе четврто издание на настанот во рамките на „РЕсет“ платформата, чија цел е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството преку конкретни активности за промоција на ментално и физичко здравје, реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области. Минатиот месец се одржа работилницата за добросостојба во соработка со д-р Александар Митов, на која учесниците имаа можност да стекнат практични совети за здрава исхрана и управување со стресот, а претходно вакви работилници беа организирани и со алпинистиката Илина Арсова, како и со Борче Стаменов – Донирај компјутер.

Нова РЕсет работилница на Реплек: Практични совети за добросостојба од д-р Митов

Во организација на Реплек се одржа уште една РЕсет работилница на која практични совети за општа добросостојба сподели познатиот д-р Александар Митов. Работилницата беше посветена на справувањето со предизвиците на модерното време, динамичното секојдневие кое е неопходно да се балансира со грижата за менталното и физичкото здравје. Работилницата е дел од РЕсет платформата за добросостојба на Реплек која промовира ведар дух, здраво тело и ментална сила.

Во сесијата, д-р Митов се фокусираше на предизвиците што ги носи модерниот начин на живот – брзото темпо, недостатокот на време, неквалитетната исхрана, физичката неактивност и стресот. Со едноставен, но аргументиран пристап, тој зборуваше за тоа како да се направат мали, одржливи промени во секојдневието без нагли диети или нереални цели. Работилницата понуди практични совети и конкретни насоки за тоа каде најчесто „попуштаме“, како да ги препознаеме замките на секојдневието и што можеме да преземеме за да создадеме сопствен „РЕсет“ – чекор по чекор, прилагодено на реалниот живот.

Платформата РЕсет креира простор за секој граѓанин кој сака да внесе позитивни промени во својот живот и да го унапреди сопственото здравје и добросостојба. Преку низа отворени активности, Реплек поттикнува нови навики и однесувања што придонесуваат за личен и колективен напредок.

Досега, како дел од РЕсет, се реализираа онлајн работилници со алпинистиката и уметница Илина Арсова и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, како и три настани за физичка активност со Елена Бубало. Овие активности продолжуваат и понатаму. Во годината кога Реплек го одбележува својот 80-годишен јубилеј, платформата РЕсет претставува уште еден доказ за долгорочната заложба на компанијата да придонесува за добросостојбата на поединецот и заедницата, во согласност со нејзините вредности и мисија.

РEсет работилница за женското здравје: “РЕализирај сè: вРЕме е за себе, вРЕме е за пРЕглед“

Инспирирани од уверувањето дека личната грижа и навремената превенција се клучни фактори за здрав и квалитетен живот, на 14.04.2025, во организација на Реплек АД, се одржа работилницата „РЕализирај се: вРЕме е за себе, вРЕме е за пРЕглед“ . Овој настан беше посветен на женското здравје, со акцент на раната превенција на рак на дојка.

Работилницата ја отвори генералниот директор на Реплек АД,  Душан Пецовски, кој потенцираше дека здравјето и благосостојбата на вработените се врвен приоритет и составен дел од корпоративната култура на компанијата.

„Веруваме дека свесноста и информираноста се првиот чекор кон здрав живот. Затоа денес сме тука, да научиме, да споделиме и да ги охрабриме сите жени да одвојат време за себе и своето здравје,“ – истакна Пецовски во своето поздравно обраќање пред присутните.

На настанот беше истакнато дека жените често го ставаат сопственото здравје меѓу последните точки на својата агенда, поради многуте обврските во секојдневието, па токму затоа оваа иницијатива имаше за цел да потсети на важноста од редовните прегледи и грижата за себе.

Присутните имаа можност да погледнат стручни презентации од реномирани доктори – врвни експерти во областа на радиодијагностика и јавно здравје.

Доктор Светлана Темелковска, специјалист радиолог за дојка од Институтот за радиологија и член на Националната комисија за рана детекција на рак на дојка, зборуваше на тема: „Раното откривање на ракот спасува животи“.

Во фокусот на предавањето на доктор Маја Јакимовска, субспецијалист за дојка од ГОБ „8ми Септември“, беа „Современи методи на дијагностика“ со посебен акцент на значењето на скрининг програмите.

Пред присутните доктор Елена Ристовска, државен советник и одговорно лице за програмата за скрининг при Министерството за здравство, ја претстави националната програма за рана детекција на малигни заболувања.

Настанот поттикна интерактивна и отворена дискусија меѓу учесниците. Присутните имаа можност да поставуваат прашања и да споделат лични дилеми поврзани со темата за ракот на дојката.

Учесниците на настанот добија прилика да се информираат и како доброволно да се пријавуваат за скрининг мамографијакојасе спроведува согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка на Министерството за здравство. Работилницата РЕализирај сè: вРЕме е за себе, вРЕме е за пРЕглед“ испрати силна порака дека грижата за себе не смее да биде нешто што се одложува – туку врвен приоритет.

Програма „Јас, Реплек практикант“ – нова можност за зајакнување на работните вештините на младите

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Програма „Јас, Реплек практикант“ – нова можност за зајакнување на работните вештините на младите

Со три награди и едно вработување се заокружи програма наменета за млади  „Јас, Реплек практикант“, која за прв пат се организира во компанијата „Реплек“. Во рамките на оваа програма, студенти од Фармацевтскиот, Економскиот, ФЕИТ и Природно – математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, ученици од средното училиште „Марија Кири Склодовска“ од Скопје, како и неколку студенти кои студираат ви странство, под менторство на искусни експерти од компанијата, се здобија со корисни специфични практични знаења и вештини кои ќе придонесат во нивниот натамошен кариерен и професионален развој. 

На вчерашниот настан со кој се одбележа завршувањето на годинешната програма „Јас, Реплек практикант“, беа доделени награди – ваучери за тројца практиканти чии креативни трудови, изработени во рамките на оваа програма, беа оценети како најдобри. Покрај тоа, на настанот беше промовирано и првото вработување во компанијата на еден од учесниците во оваа програма, кој од денес е дел од тимот на „Реплек“.

„Зајакнување на практичните вештини и знаења, градење на цврсти врски со образованите институции и отворање на компанијата за млади стручни кадри е наша цел. Тоа беше и мотив за започнување на ваква програма и навистина нѐ радува фактот дека за неа имаше голем интерес кај младите. Ние и понатаму ќе продолжиме да соработуваме со нашите партнери и ги повикуваме сите млади кои се заинтересирани за овие струки да бидат дел од идните практикантски програми“, истакна Дојранка Анастасовска Цветковска директор за човечки ресурси на „Реплек“.

Сите сегашни и идни учесници во програмата „Јас, Реплек практикант“ ќе имаат предност за вработување во „Реплек“. На доделувањето на признанијата, покрај практикантите, присуствуваа и претставници на образовните институции со кои „Реплек“ има потпишано и меморандуми за соработка, а планирано е проширување на соработката и со нови партнери.

Програмата „Јас, Реплек практикант“ ќе продолжи да се реализира и во текот на следната година, давајќи им можност на младите да се стекнат со практични и специфични работни вештини, со што компанијата ќе придонесе за подигнување на квалитетот на пазарот на труд и ќе отвори поголеми можности за вработување.