За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Парафен® OTC производи
OTC производи

Парафен®

Реплек Фарм

Ibuprofen 200 mg /Paracetamol 500 mg

Општи информации

Парафен® содржи две активни супстанции: ибупрофен и парацетамол.

Ибупрофен припаѓа на групата на лекови таканаречени нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). НСАИЛ делуваат така што ја ублажуваат болката, го намалуваат отокот и ја намалуваат високата телесна температура.

Парацетамолот е аналгетик, кој во ублажување на болката и намалување на телесната температура, делува на начин различен од ибупрофенот.

Парафен® е наменет за привремено ублажување на блага до умерена болка поврзана

  • мигрена и главоболка
  • болки во грбот
  • менструални болки
  • забоболка
  • ревматски и мускулни болки
  • болки при благ артритис
  • симптоми на настинка и грип
  • болки во грлото и треска

Возрасни и адолесценти над 18 години:

  • 1 таблета со вода и храна, до 3 пати дневно.
  • Ако е потребно, може да се земат по 2 таблети до 3 пати на ден.
  • Растојание меѓу дозите: најмалку 6 часа.
  • Максимум: 6 таблети во 24 часа (еквивалентно на 3000 mg парацетамол и 1200 mg ибупрофен)
  • Парафен® не треба да го земате подолго од 3 дена. Ако симптомите Ви се влошат или се уште траат, консултирајте се со Вашиот лекар.

Една филм-обложена таблета содржи:

  • Ибупрофен 200 mg
  • Парацетамол 500 mg

Филм-обложени таблети:

  • 200 mg + 500 mg x 10 таблети
  • 200 mg + 500 mg x 20 таблети
Содржи лактоза Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: M01A E51