Реплек во акција со Social Friday Activity

Постигнуваме заедно!

На 30ти септември се приклучивме кон акцијата на Social Friday Activity. Нашите доброволци, се приклучија на екипата од пунктот за бездомници во Момин Поток. Помагаа во кантината, разговараа со бездомниците, ги поделија донациите во лекови, облека и хигиенски препарати.

Реплек и Проект Среќа во акција со Social Friday Activity

Како поединци можеме многу, како тим можеме сѐ!
За поубава и посигурна иднина!

На наше огромно задоволство, втор пат бевме дел од хуманитарна активност, под мотото „Social Friday is the New Black“.
Нашиот тим и тимот на Проект Среќа, заедно пакуваа пакети со донација, а дополнително испративме и наши производи за силен имунитет и одлично здравје.

Реплек во соработkа со Coach

Реплек постојано вложува во развојот и напредокoт на своите вработени и инвестира во идни вредни проекти за подобрување на работната средина.

Соработката со Coach Microlearning дигиталната платформа овозможи интерактивна обука со над 1000 прашања за продуктните каректеристики на лековите на Реплек, како и прашања околу пласирање на пазарот, предности во однос на конкуретни и слично.

Крајната цел на оваа и сите идни обуки е поголема продуктивност, ангажман на вработените, посилна компаниска култура и зголеменo задоволство и лојалност на вработените.

Реплек на CPHI

И оваа година, од 1 до 3 ноември се одржа еден од најголемите фармацевтски саеми CPHI во Франкфурт.
Реплек за прв пат се појави како изложувач на овој саем. На штандот беа одржани состаноци со многу потенцијални клиенти, потенцијални нови пазари како и средби со постоечки клиенти.
Оваа можност за Реплек значи потврда на позицијата како реномирана компанија фокусирана кон отварање на нови пазари и креирање на поинаква бизнис приказна.

Кризниот штаб во посета на Реплек

Бевме домаќини на Кризниот штаб на Стопанската комора на Северна Македонија, на тема мерки за справување со енергетстката криза и теми од стопанството кои се секако добредојдени за Реплек.

Како голем производител и извозник, имаме значајна улога во македонската економија. Справувањето со енергетската криза е секако во наш фокус, и благодарни сме на поддршката и иницијативата од СКСМ.

Mодернизација на работењето и имплементација на иновативни решенија

„Ме радува препознатливоста на новата енергија, на новиот тим. Реплек е успешна компанија со долгогодишна традиција на добри резултати и талентирани кадри и поседува огромен потенцијал. Дефинитивно се гледаме во врвот на берзата не само затоа што сакаме да бидеме таму туку поради можностите што ги нуди”, изјави Душан Пецовски на денешната Тркалезна маса на тема “Излегување на берза – зошто никој не го “крши мразот” организирана од Македонска берза/Macedonian Stock Exchange.

Погледни го целото видео на: https://lnkd.in/dgJFBydX (20221123_115738 

По инвестициите во нов погон за производство, го продолжуваме развојниот циклус во модернизација на работењето и имплементација на иновативни решенија. Дел од производството на компанијата ќе се снабдува со обновлива енергија преку новата фотоволтаична (соларна) централа чија изградба е целосно финализирана. Во овој значаен проект инвестиравме 43 милиони денари, а инсталираната моќност изнесува 948.29 kWp. Со оваа инвестиција над 40% од вкупната потрошувачка на електричната енергија ќе ја замениме со сончева обновлива енергија. За значењето на инвестицијата, и стратегијата за градење на зелен бизнис следете нѐ.

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СЕКОЈА КАПКА КРВ Е ВАЖНА!

Летните периоди се предизвик  за  крводарителството во поглед  на собирање на доволни количини на крв.

На крводарителната акција организирана вo соработка со ЈЗУ Институт за трансфузиона  медицина и  Црвениот крст на РМ, вработените на Реплек донираа 135 единици крв.

Секоја капка крв е важна!

 

Посетете нé и запознајте нé на нашиот штанд!

Од 1-3 Ноември Реплек за прв пар ќе учествува на CPHI саемот во Франкфурт.
Повеќе од 7000 реномирани компании ќе заземат учество на овој настан.
Дојди, посети не, закажи го својот состанок!
Се гледаме.

 

The Distinguished Gentleman’s Ride

The Distinguished Gentleman’s Ride е настан со фокус на машкото здравје.

Овој настан е со хуманитарен карактер – собирање средства за најсовремени истражувања за рак на простата и програми за машкото ментално здравје. На 22 ри мај нашите вработени ќе земат учество на Distinguished Gentleman’s Ride и ќе ја поддржат иницијативата за подигање на свесноста од превенција на рак на простата.

Придужи ни се и ти, заедно да ја поткренеме свеста за машкото физичко и ментално зравје. Превенцијата е важна! Прегледај се!