20 години Реплек Фарм – 20 години австриски капитал

На денешната работна посета во Реплек, австрискиот амбасадор Д-р Георг Вуцас ги посети производните капацитети и заедно со Генералниот Директор, Душан Пецовски, најавија нови можности за соработка меѓу двете земји.

 

На прес конференцијата која следеше по посетата, генералниот директор потенцираше дека Реплек е компанија во која е присутен австриски капитал и е одличен пример за успешна странска инвестиција во Македонија која веќе 20 години произведува квалитетни генерички лекови и извезува во повеќе од 25 земји ширум светот.

 

“Се залагаме за унапредување на соработката меѓу австриското и македонското стопанство и индустрија, за што постои голем интерес од двете страни. Планираме капитални инвестиции во производните капацитети кои ќе вклучат австриски компании, ресурси и know-how, пласман на наши производи во Австрија како и пласирање на австриски производи на македонскиот пазар.

 

Продолжуваме да растеме, се модернизираме и посветено работиме на остварување на нашата цел, да донесеме дел од светот во Македонија и да пренесеме дел од Македонија во светот поради што неуморно работиме на производство на квалитетни лекови достапни за сите и на освојување на нови пазари.

 

Реплек во работна посета на Стопанската комора 

На средбата, беше разговарано за новите можности за ширење на бизнис соработката на Реплек во регионот на Западен Балкан. Истата би се реализирала преку активностите на Стопанската комора, која е единствената бизнис асоцијација од државата членка на ЗБ6 (6 партнерски Стопански Комори). Покрај другите активности, планирано е и претставување на компанијата на предстојниот Коморски Инвестициски Форум.