Реплек на CPHI

И оваа година, од 1 до 3 ноември се одржа еден од најголемите фармацевтски саеми CPHI во Франкфурт.
Реплек за прв пат се појави како изложувач на овој саем. На штандот беа одржани состаноци со многу потенцијални клиенти, потенцијални нови пазари како и средби со постоечки клиенти.
Оваа можност за Реплек значи потврда на позицијата како реномирана компанија фокусирана кон отварање на нови пазари и креирање на поинаква бизнис приказна.

Кризниот штаб во посета на Реплек

Бевме домаќини на Кризниот штаб на Стопанската комора на Северна Македонија, на тема мерки за справување со енергетстката криза и теми од стопанството кои се секако добредојдени за Реплек.

Како голем производител и извозник, имаме значајна улога во македонската економија. Справувањето со енергетската криза е секако во наш фокус, и благодарни сме на поддршката и иницијативата од СКСМ.

Mодернизација на работењето и имплементација на иновативни решенија

„Ме радува препознатливоста на новата енергија, на новиот тим. Реплек е успешна компанија со долгогодишна традиција на добри резултати и талентирани кадри и поседува огромен потенцијал. Дефинитивно се гледаме во врвот на берзата не само затоа што сакаме да бидеме таму туку поради можностите што ги нуди”, изјави Душан Пецовски на денешната Тркалезна маса на тема “Излегување на берза – зошто никој не го “крши мразот” организирана од Македонска берза/Macedonian Stock Exchange.

Погледни го целото видео на: https://lnkd.in/dgJFBydX (20221123_115738 

По инвестициите во нов погон за производство, го продолжуваме развојниот циклус во модернизација на работењето и имплементација на иновативни решенија. Дел од производството на компанијата ќе се снабдува со обновлива енергија преку новата фотоволтаична (соларна) централа чија изградба е целосно финализирана. Во овој значаен проект инвестиравме 43 милиони денари, а инсталираната моќност изнесува 948.29 kWp. Со оваа инвестиција над 40% од вкупната потрошувачка на електричната енергија ќе ја замениме со сончева обновлива енергија. За значењето на инвестицијата, и стратегијата за градење на зелен бизнис следете нѐ.

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СЕКОЈА КАПКА КРВ Е ВАЖНА!

Летните периоди се предизвик  за  крводарителството во поглед  на собирање на доволни количини на крв.

На крводарителната акција организирана вo соработка со ЈЗУ Институт за трансфузиона  медицина и  Црвениот крст на РМ, вработените на Реплек донираа 135 единици крв.

Секоја капка крв е важна!

 

Посетете нé и запознајте нé на нашиот штанд!

Од 1-3 Ноември Реплек за прв пар ќе учествува на CPHI саемот во Франкфурт.
Повеќе од 7000 реномирани компании ќе заземат учество на овој настан.
Дојди, посети не, закажи го својот состанок!
Се гледаме.

 

The Distinguished Gentleman’s Ride

The Distinguished Gentleman’s Ride е настан со фокус на машкото здравје.

Овој настан е со хуманитарен карактер – собирање средства за најсовремени истражувања за рак на простата и програми за машкото ментално здравје. На 22 ри мај нашите вработени ќе земат учество на Distinguished Gentleman’s Ride и ќе ја поддржат иницијативата за подигање на свесноста од превенција на рак на простата.

Придужи ни се и ти, заедно да ја поткренеме свеста за машкото физичко и ментално зравје. Превенцијата е важна! Прегледај се!

20 години успешна работа

ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ – НАША ОБВРСКА

Низ годините, со јасно одредена цел и посветеност успеавме да создадеме современа фармацевтска компанија која работи според највисоките стандарди на фармацевтската индустрија. Ги следиме светските научни трендови и ги имплементираме во производство на висококвалитетни генерички лекови. Континуирано вложуваме во иновативни технологии, отвараме нови терапевтски можности и создаваме вредности за идните генерации.

 

Нашата цел ја реализираме доследно почитувајќи ги компаниските вредности, вработените,  клиентите и партнерите, градејќи основи за долгорочна соработка и доверба. Нашата визија е да бидеме помеѓу десетте водечки компании на пазарите каде сме присутни. До сега производите ги пласираме во повеќе од 25 земји, на сите пет континенти и неуморно работиме на освојување на нови странски пазари.

 

Јубилејната 2021 година ја посветувеме на децата, бидејќи тие се нашата иднина. Во чест на заедничкиот јубилеј и на М-р Душан Туџаров кој е покровител на СОС Детско село од самото основање, ја продолжуваме традицијата на солидарност и отвараме ново подглавје во реализирање на клучните вредности како општествено одговорна компанија.

 

Со компаниски донации и хуманитарни активности, помагаме во реализација на мисијата на СОС Детското село “Обезбедуваме топол дом, грижа и љубов за секое дете”.

 

Подржете ја кампањата, помогнете на децата без родители!

Линк за индивидуални донации https://sos.org.mk/doniraj/

Линк за онлине нарачка https://grouper.mk/shop/green-shop