
Грижата за најмладите, е наша обврска!
На 16-ти септември 2022 година, Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски подели 100 решенија за еднократна помош на новороденчиња. Реплек донираше пакети со производи, за овие семејствата.

Грижата за најмладите, е наша обврска!
На 16-ти септември 2022 година, Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски подели 100 решенија за еднократна помош на новороденчиња. Реплек донираше пакети со производи, за овие семејствата.




Постигнуваме заедно!
На 30ти септември се приклучивме кон акцијата на Social Friday Activity. Нашите доброволци, се приклучија на екипата од пунктот за бездомници во Момин Поток. Помагаа во кантината, разговараа со бездомниците, ги поделија донациите во лекови, облека и хигиенски препарати.

Како поединци можеме многу, како тим можеме сѐ!
За поубава и посигурна иднина!
На наше огромно задоволство, втор пат бевме дел од хуманитарна активност, под мотото „Social Friday is the New Black“.
Нашиот тим и тимот на Проект Среќа, заедно пакуваа пакети со донација, а дополнително испративме и наши производи за силен имунитет и одлично здравје.

Реплек постојано вложува во развојот и напредокoт на своите вработени и инвестира во идни вредни проекти за подобрување на работната средина.
Соработката со Coach Microlearning дигиталната платформа овозможи интерактивна обука со над 1000 прашања за продуктните каректеристики на лековите на Реплек, како и прашања околу пласирање на пазарот, предности во однос на конкуретни и слично.
Крајната цел на оваа и сите идни обуки е поголема продуктивност, ангажман на вработените, посилна компаниска култура и зголеменo задоволство и лојалност на вработените.





И оваа година, од 1 до 3 ноември се одржа еден од најголемите фармацевтски саеми CPHI во Франкфурт.
Реплек за прв пат се појави како изложувач на овој саем. На штандот беа одржани состаноци со многу потенцијални клиенти, потенцијални нови пазари како и средби со постоечки клиенти.
Оваа можност за Реплек значи потврда на позицијата како реномирана компанија фокусирана кон отварање на нови пазари и креирање на поинаква бизнис приказна.

Бевме домаќини на Кризниот штаб на Стопанската комора на Северна Македонија, на тема мерки за справување со енергетстката криза и теми од стопанството кои се секако добредојдени за Реплек.
Како голем производител и извозник, имаме значајна улога во македонската економија. Справувањето со енергетската криза е секако во наш фокус, и благодарни сме на поддршката и иницијативата од СКСМ.

„Ме радува препознатливоста на новата енергија, на новиот тим. Реплек е успешна компанија со долгогодишна традиција на добри резултати и талентирани кадри и поседува огромен потенцијал. Дефинитивно се гледаме во врвот на берзата не само затоа што сакаме да бидеме таму туку поради можностите што ги нуди”, изјави Душан Пецовски на денешната Тркалезна маса на тема “Излегување на берза – зошто никој не го “крши мразот” организирана од Македонска берза/Macedonian Stock Exchange.
Погледни го целото видео на: https://lnkd.in/dgJFBydX (20221123_115738
По инвестициите во нов погон за производство, го продолжуваме развојниот циклус во модернизација на работењето и имплементација на иновативни решенија. Дел од производството на компанијата ќе се снабдува со обновлива енергија преку новата фотоволтаична (соларна) централа чија изградба е целосно финализирана. Во овој значаен проект инвестиравме 43 милиони денари, а инсталираната моќност изнесува 948.29 kWp. Со оваа инвестиција над 40% од вкупната потрошувачка на електричната енергија ќе ја замениме со сончева обновлива енергија. За значењето на инвестицијата, и стратегијата за градење на зелен бизнис следете нѐ.
Јавен повик за прибирање на понуди за продажба на имот – градежно земјиште
Јавен повик за прибирање на понуди за издавање под закуп на недвижност
_Attachments__ReplekMarket_NM_141,5x187mm renta-01





