Диклофенак Гел

Терапевтски индикации   

  • локално ублажување на болка и воспаление
  • повреди на тетиви, лигаменти, мускули и зглобови, (изместување, шинување, истегнување и контузии)
  • ревматизам
  • артритични состојби

ФОРВИТА® витамини и минерали

Идеална комбинација на витамини и минерали за добро здравје и имунитет

Се препорачува при:

  • зголемена телесна активност (активен и рекреативен спорт)
  • недоволно искористување на храната (стари луѓе, пушачи, алкохоличари)
  • состојби на неадекватна, нередовна и еднолична исхрана (диети, гладување, сува храна)
  • состојби на зголемено губење на минерали (повраќање, проливи, интензивни менструации, силно потење)
  • за подобрување на растот и апетитот

ФОРВИТА® + Se

Селенот од овој комплекс има позитивни ефекти врз кардиоваскуларните, респираторните и хепаталните пореметувања, пречките во видот, а ја подобрува и општата отпорност кон инфективни заболувања на организмот.

Форвита® Кидс Сируп

Мултивитамински сируп

Подобро здравје за нашите деца

Подобар имунитет

Силни коски и здрави заби

 

Форвита® Ц Кидс

Се препорачуваат при:

  • недостаток на витамин Ц поради несоодветна и еднолична исхрана, намален апетит, диети
  • земање на препарати на железо за да се зголеми апсорпцијата на железото
  • состојби на зголемена потреба за витамин Ц: растење, голема физичка активност, стрес, висока телесна температура, инфекции, рани кои тешко заздравуваат;
  • треска, изгореници, долготрајно изложување на високи или ниски надворешни температури
  • цревни заболувања (долготрајна дијареа), хируршки зафати

Парацетамол супозитории

Терапевтски индикации     

Третман на блага до умерена болка и температура

Супозитории 80 mg; 150 mg; 300 mg

Парацетамол таблети

Терапевтски индикации

Третман на блага до умерена болка, вклучувајќи главоболка, мигрена, невралгија, забоболка, болки во грлото, менструални болки, симптоматско ублажување на ревматски болки и при грип или настинки придружени со покачена телесна температура.

Рефалгин®

Терапевтски индикации  

Силни болки од различно потекло, како главоболка, забоболка, невралгија на тригеминалниот нерв, херпес зостер, лумбаго, ишијалгија, болки при акутен и хроничен ревматизам, мускулни болки, постоперативни и посттрауматски болки, болки при малигни заболувања, ренални и билијарни колики.  Фебрилни состојби кои не реагираат на терапија со други лекови.

Ибупрофен Актив – Крем

Терапевтски индикации

  • болка во грбот, ревматска, мускулна болка,
  • болки при повреди (изместување, шинување, истегнување),
  • невралгија
  • болка при благи до умерени артритични состојби.

Кетопрофен Крем

За локално ублажување на болки:

  • предизвикани од повреди  (спортски повреди, изместување, шинување, истегнување и контузии)
  • кај благи облици на артритис