АДОЛОР® Колд

Терапевтски индикации

  • Ги ублажува симптомите на настинка и грип (секреција или затнат нос, сува надразнителна кашлица)
  • Ги намалува болките (главоболка, мускулни болки, болки во зглобовите)
  • Ја намалува температурата,

Адолор® Рино

Ги ублажува симптомите на настинка и грип, вклучувајќи:

  • Затнат нос
  • Болно грло
  • Главоболка
  • Болки во телото
  • Температура
  • Синусни симптоми, пример синусна болка, притисок и затнатост

Парацетамол супозитории

Терапевтски индикации     

Третман на блага до умерена болка и температура

Супозитории 80 mg; 150 mg; 300 mg

Парацетамол Сируп

Терапевтски индикации  

  • Покачена телесна температура при фебрилни состојби (бактериски и вирусни инфекции) или    после вакцинации
  • Болки во мускули или зглобови  предизвикани од грип или настинка
  • Главоболка, забоболка
  • Постоперативни и посттрауматски болки

Парацетамол таблети

Терапевтски индикации

Третман на блага до умерена болка, вклучувајќи главоболка, мигрена, невралгија, забоболка, болки во грлото, менструални болки, симптоматско ублажување на ревматски болки и при грип или настинки придружени со покачена телесна температура.

Рефалгин®

Терапевтски индикации  

Силни болки од различно потекло, како главоболка, забоболка, невралгија на тригеминалниот нерв, херпес зостер, лумбаго, ишијалгија, болки при акутен и хроничен ревматизам, мускулни болки, постоперативни и посттрауматски болки, болки при малигни заболувања, ренални и билијарни колики.  Фебрилни состојби кои не реагираат на терапија со други лекови.

Ибупрофен Актив – Крем

Терапевтски индикации

  • болка во грбот, ревматска, мускулна болка,
  • болки при повреди (изместување, шинување, истегнување),
  • невралгија
  • болка при благи до умерени артритични состојби.

Кетопрофен Крем

За локално ублажување на болки:

  • предизвикани од повреди  (спортски повреди, изместување, шинување, истегнување и контузии)
  • кај благи облици на артритис

Вентор® Гел

Терапевтски индикации 

Болка и воспаление поради:

  • повреди (истегнување, шинување, тендинитис, теносиновитис, бурзитис, епикондилитис)
  • дегенеративни промени на мускулноскелетниот систем и меките ткива (артропатии, остеоартрит, ревматски болки)

Парафен

Парафен е комбинација на двете најбезбедни аналгетски компоненти, во ниски дози, со што се постигнува најдобра безбедност и ефикасност за третман на најчестите болки.